logo
logo
logo

ДАНЕЛА БИЛА ЗАДОЛЖЕНА ОД ЦУК ДА ИНТЕРВЕНИРА, но градот очигледно не го спречил свлечиштето

Vecer | 27.11.2025

ДАНЕЛА БИЛА ЗАДОЛЖЕНА ОД ЦУК ДА ИНТЕРВЕНИРА, но градот очигледно не го спречил свлечиштето

Поради превенција за активирање на свлечиштето на падините на Водно, во близина на улиците „Белградска“ и „Партенија Зографски“, и реалната опасност од негово понатамошно ширење, по иницијатива на Општина Центар бил одржан итен координативен состанок на кој учествувале градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, претставници на ЦУК, ДЗС, ДИГУ-Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, МВР, ИЗИИС, Град Скопје, Градежен факултет и Министерство за транспорт и врски.

Како што соопшти Општина Центар, на состанокот биле донесени јасни заклучоци кои веднаш ќе бидат доставени до Владата, со барање за итно преземање мерки за обезбедување технички и правни услови за санација на свлечиштето и регулирање на атмосферските води.

-Констатирано е дека уште во 2022 година Град Скопје бил задолжен со записник од ЦУК да изработи проектна документација за прифаќање на атмосферските води од Водно, со цел да се реши проблемот со одводнување на сливните води од падините на Водно.

Стручните служби дополнително посочија дека за стабилизација на свлечиштето мора да се изгради потпорен ѕид, а бидејќи локацијата каде што треба да се изведуваат градежни работи се наоѓа на приватен имот, ниту една институција, вклучувајќи ја и Општина Центар, не смее да спроведе такви активности без соодветна одлука од Владата – стои во соопштението на Општина Центар.

Според Герасимовски, се работи за сериозна ситуација која бара координирано дејствување и постапување строго согласно ингеренциите на секоја институција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk