logo
logo
logo

Мицкоски за годишниот тендер

ЕСМ ја достави новата цена до Владата, ќе продолжиме со СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА СТРУЈАТА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА

Vecer | 26.11.2025

ЕСМ ја достави новата цена до Владата, ќе продолжиме со СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА СТРУЈАТА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА

- Се додека не се заврши тендерот на ЕСМ за снабдување со електрична енергија за една година, цената која е дадена од страна на компанијата и Владата јавно нема да се објави, бидејќи одлуката е донесена на затворена седница на Владата и е класифициран податок. посочи премиерот Мицкоски.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски потенцираше дека како Влада водат грижа за стандардот на граѓаните и ќе продолжат со субвенционирањето на струјата за домаќинствата.

-Ние се водиме да нема големи пореметувања на стандардот на граѓаните, импликација, од друга страна да продолжиме со субвенционирањето, бидејќи пазарната цена на електричната енергија е околу стотина евра во моментов, а за првпат се спроведува јавна набавка за цела година, не само за половина година. Така што во овој момент не можам да ја кажам цената. Но бидете сигурни дека водиме грижа за стандардот на граѓаните и продолжуваме и понатаму да ја субвенционираме електричната енергија за сите оние, коишто ја добиваат на регулираниот пазар, а тоа се домаќинствата, изјави Мицкоски.

ЕСМ ја достави новата цена на струјата до Владата, која вчера на затворена седница  одлучуваше дали предлогот на електрани е прифатлив или пак не е прифатлив.

ЕСМ електричната енергија за домаќинствата во моментов ја продава по 62 евра за мегават час.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk