logo
logo
logo

Свесно лажење ќе се санкционира, ВМРО-ДПМНЕ СО РЕЗОЛУЦИЈА ЌЕ ГИ ОСУДИ ЛАГИТЕ НА СДСМ ЗА МИГРАНТИТЕ

Vecer | 15.12.2025

Свесно лажење ќе се санкционира, ВМРО-ДПМНЕ СО РЕЗОЛУЦИЈА ЌЕ ГИ ОСУДИ ЛАГИТЕ НА СДСМ ЗА МИГРАНТИТЕ

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе поднесе „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“, соопшти владејачката партија.

„Со оваа Резолуција се става крај на манипулациите на СДСМ за мигрантите и организираната и координирана кампања од страна на опозицијата, која влева несигурност и паника меѓу граѓаните. Лажните сценарија на СДСМ паѓаат во вода, државата има јасна политика против нелегалната миграција, нема мигрантски кампови, има Резолуција која носи стабилност и сигурност“, соопшти партијата.

ВМРО-ДПМНЕ, се додава во соопштението, јавно ги осудува политиките и одлуките на поранешната Влада на Зоран Заев, со која беа отворени можности за создавање кампови за мигранти, спротивно на националните и државните интереси.

„Резолуција е составена од 9 точки, и во неа стои дека се осудуваат дезинформациите за наводно прифаќање мигранти и за изградба на кампови, се потврдува дека такви политики не постојат ниту ќе постојат, се поништуваат сите претходни аранжмани на Владата на Заев поврзани со мигрантски кампови и се повикува на одговорен јасен говор, заштита на безбедноста, стабилноста и на меѓуетничките односи. Исто така, се констатира дека свесното ширење дезинформации ќе биде санкционирано согласно важечките закони. Резолуцијата воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Паријата ги повикува останатите парламентарни партии да ја поддржат оваа резолуција со која, како што се наведува, се става крај на лагите и конструкциите на СДСМ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk