logo
logo
logo

КОЛКУ МУ БИЛО ВЕТЕНО НА БОГАЦ, ЈО да истражи дали наместениот тендер во царина е единствен, бараат ов ВМРО - ДПМНЕ

Vecer | 09.06.2026

КОЛКУ МУ БИЛО ВЕТЕНО НА БОГАЦ, ЈО да истражи дали наместениот тендер во царина е единствен, бараат ов ВМРО - ДПМНЕ

Стефан Богоев - Богац, поранешен директор на Царинска управа од СДС, наместил тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали во вредност од 18 милиони евра, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во текстот се додава:

„Од свиркачи дознаваме дека Богац ќе добиел 10% од тендерот кој самиот го наместил.

Инаку, тендерот бил во вредност од 18 милиони денари, па ако на Богац му биле ветени 10%, тоа значи дека тој ќе инаксирал 1,8 милиони денари.

Според ова, се разоткрива уште една тендерска шема на СДС, а Венко Филипче, како и за сите претходни, не се оградува и не осудува.

Која е мерната единица на СДС и Филипче за да осудат било каков криминал? Ако ова не го сметаат за криминал, колку државни пари требало да украде Богац за да ја премине границата и Филипче да се огради?

Го повикуваме ЈО да истражи дали ова е единствениот тендер кој Богац го наместил за време на мандатот на директор“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk