logo
logo
logo

НЕ МЕНЕ, СЛУШАЈТЕ ЈА МАРТА КОС - Изборните измени се дел од евроинтеграциите, порача Мицкоски

Vecer | 15.07.2026

НЕ МЕНЕ, СЛУШАЈТЕ ЈА МАРТА КОС - Изборните измени се дел од евроинтеграциите, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека Владата ја доведува во заблуда јавноста кога тврди дека измените на Изборниот законик се поврзани со европските интеграции, посочувајќи дека тоа јасно го потврдила и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека ова прашање заслужува коментар бидејќи е важно за граѓаните и за државата.

„Не мора мене да ме слушаат, јас сум неважен во случајов. Нека ја слушаат еврокомесарката Марта Кос. Таа јасно кажа дека тоа е дел од реформите кои се важни за евроинтеграцијата“, изјави Мицкоски.

Тој ја обвини опозициската СДСМ за, како што рече, двојни стандарди во однос на европската агенда.

„Чудни се некои политичари во опозицијата. Кога станува збор за нивен интерес, односно за нивниот џеб, тогаш им е полна устата со Европа. Кога, пак, треба да покажат одговорност и да се носат важни одлуки, особено додека се во опозиција, прават сѐ за ние да не стигнеме таму каде што треба да стигнеме“, рече премиерот.

Мицкоски порача дека Владата ќе продолжи да ги спроведува реформите и да работи на исполнување на стратешката цел – полноправно членство на државата во Европската Унија.

„И со нив и без нив, ние продолжуваме да ги реализираме стратешките цели, а тоа е полноправно членство на земјата во Европската Унија“, истакна Мицкоски.

FacebookTwitterCopy LinkShare

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk