logo
logo
logo

ЧЕСТИТКИ ОД ЕВРОАМБАСАДОРОТ РОКАС за македонската стратегија за енергетска транзиција!

Vecer | 01.06.2026

ЧЕСТИТКИ ОД ЕВРОАМБАСАДОРОТ РОКАС за македонската стратегија за енергетска транзиција!

„Унијата е засилено фокусирана на имплементација на енергетските планови и испорачување на таргетите и во таа смисла сакам да ѝ честитам на Северна Македонија за усвојување на стратегијата и планост за енергетика и за оној напредок што го оствари на планот на правична транзиција. Ваквите напори се особено важни, многу реформи веќе стануваат применливи, преку рамката за енергетска заедница, и тие засилено ќе го обликуваат патот кон пристапување кон ЕУ“. Ова го изјави евроамбасадорот Михалис Рокас во своето обраќање на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан - МЕФ 2026.

Тој додаде дека за земјава се приоритетни реформите - усвoјување на заонодавството за обновливите извори, како и заштита на ранливите категории граѓани.

-Нема сомнеж дека врз енергетската безбедност со која регионот и Европа се соочуваат треба да одговориме одлучно. За нас, двете нешта - климатска транзиција и енергетика се поврзани и нужни меѓу другото и заради оскудните енергетски ресурси со кои Европа располага, рече Рокас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk