logo
logo
logo

ВРЕДИ: Партијата на милионерите нема морален кредибилитет да зборува во име на Албанците

Vecer | 21.05.2026

ВРЕДИ: Партијата на милионерите нема морален кредибилитет да зборува во име на Албанците

Партијата на „Соравија“ и милионерите создадени преку ноќ е последната што може да зборува за албанскиот интерес, велат во партиското соопштение од партијата ВРЕДИ.

Тоа се луѓето кои 20 години живееја во политички агалак на грбот на Албанците. Јадеа, пиеја, се богатеа, градеа коцкарски и бизнис империи и се однесуваа како државата да е нивна приватна сопственост, додека на Албанците им оставија само измами, пропаганда и лажен патриотизам.

Токму оваа политика на агалак беше изградена од Али Ахмети. Со години создаваше поделби меѓу Албанците, ги делеше на послушни и непријатели, ја претвори власта во семејна и партиска привилегија и цело време го фрлаше каменот, па ја криеше раката.

Кога Албанците беа тепани – молчеа. Кога албанските бизниси се палеа – молчеа. Кога албанските момчиња и девојки беа апсени – молчеа. Кога Албанците бараа правда – овие правеа политички пазари.

На крајот, отидоа дотаму што дури и студентот го користеа како политичка отскочна даска за перење на образот на ликови како Муса Џафери и Блерим Беџети.

Али Ахмети и Бујар Османи уште не можат да се соземат од поразот во Чаир. Толку многу ги боли што се опседнати со Изет Меџити и се обидуваат да му наштетат со разни конструкции и манипулации. Тој е нивниот најстрашен политички кошмар. Ниту едно избрано или именувано лице од страна на ВЛЕН не може од актуелното криминално раководство на ДУИ-Соравија да се става во било каков коруптивен контекст. Во 22 години власт со СДСМ и ВМРО, Албанците се изнагледаа и изнаслушаа стотици примери за фотељашите на ДУИ кои безобразно си полнеле приватни џебови со народни пари, додека јавно им беше полна устата со лажни приказни за реализирани права на Албанците од Охридскиот рамковен договор.

Колку подолго остануваат во опозиција, толку подобро им е на Албанците, се вели во соопштението на ВРЕДИ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk