logo
logo
logo

ДРЖАВНИОТ ВРВ во црквата Св. Богородица Перивлепта го дочека ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ

Vecer | 20.04.2025

ДРЖАВНИОТ ВРВ во црквата Св. Богородица Перивлепта го дочека ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ

Премиерот Христијан Мицкоски со семејството и охриѓани, Христовото воскресение го дочекаа во Црквата Света Богородица Перивлепта во ОХрид.

Заедно со него беа и претседателката Гордана Силјановска Давкова, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

-Вечерва заедно со охриѓани во црквата Св. Богородица Перивлепта го дочекавме Христовото воскресение.

Нека светлината од Воскресението на Христос донесе мир, љубов и надеж кај сите!

Да ја славиме оваа победа на животот над смртта со вера, радост и благодарност.

Христос воскресна!

Навистина воскресна! - честиташе Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk