logo
logo
logo

Во Битола до 11 часот гласале 10,66 проценти од избирачите

Vecer | 19.10.2025

Во Битола до 11 часот гласале 10,66 проценти од избирачите

Општиската изборна комисија (ОИК) во Битола потврди дека до 11 часот на гласање излегле 10,66 проценти од  гласачки.

Според Единствениот избирачки список право на глас имаат 77 253 избирачки кои се распределени на 170 гласачки места.

Во текот на вчерашниот ден во Битола гласаа 134 немоќни и болни лица, 86 затвореници во битолскиот Затвор и 83 лица сместени во битолските домови за стари лица, индормира Игор Талевски, претседател на ОИК Битола.

На овие локални избори за градоначалник на Општина Битола конкурираат осум кандидати, додека за членови на Советот на Општина Битола конкурираат кандидати од шеснаесет кандидатски листи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk