logo
logo
logo

РОДЕНДЕНСКА ПРСКАЛКА ПРЕДИЗВИКАЛА ПОЖАР ВО СВЕТИ НИКОЛЕ

Vecer | 16.07.2025

РОДЕНДЕНСКА ПРСКАЛКА ПРЕДИЗВИКАЛА ПОЖАР ВО СВЕТИ НИКОЛЕ

Момче од Свети Николе запалилo прскалка на роденденска забава, а од искрите се проширил пожар кој зафатил трева. Интервенирала противпожарна единица – нема повредени, но случајот го презема обвинителството.

Синоќа во Свети Николе за малку ќе завршела трагично една роденденска забава, откако 17-годишно момче запалило прскалка на балкон, а од искрите настанал пожар кој зафатил сува трева на државно земјиште.

Како што информира СВР Штип, инцидентот бил пријавен во 22:20 часот во ОВР Свети Николе. Според првичните информации, малолетникот запалил прскалка на роденден кај другар, а неколку искри паднале на блиската сува површина, што резултирало со пожар.

За среќа, брза интервенција на Територијалната противпожарна единица од Свети Николе спречила поголема материјална штета. Пожарот е успешно изгаснат, а повредени лица нема.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk