logo
logo
logo

Томиќ со јавно писмо: “Нема простување...“

Vecer | 04.08.2025

Томиќ со јавно писмо: “Нема простување...“

„Ќе молчиш или ќе гониш?

Правдата веќе доцни.“!

Инспирирано од визионерскиот став на адвокат Димитар Дангов

Ова што сега ќе ви го предложам да го прочитате ,никој нема да ви го каже, ниту некој досега го има кажано или напишано, било каде или било кога.

Всушност, ова е став на еден познат македонски адвокат, господинот Димитар Дангов, кој со еден збор ме одушеви и инспирира да ја напишам оваа мега анализа, а чиј главен лик е во случајот Јавниот обвинител на Република Македонија.

Се надевам дека адвокатот Дангов нема да ми замери што неговиот ценет став ќе го употребам во текстот.

„Оваа држава, народ и поредок може да ја спасат две работи.

Втората постои но никој ниту ја спомнува а камо ли применува.

Главата од кривичниот законик која гласи.

“КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ДРЖАВАТА”.

Првата е јавен обвинител кој ќе ги гони сторителите на овие кривични дела.

Притвор, судење и барање казна затвор 20 години или доживотен затвор.

Порано кога беше пропишана, се добиваше смртна казна за некои од овие кривични дела.

Еден да се казни, ке престане пропаста на оваа држава и може да биде вовед да се врати тоа што е изгубено.

Со правни сретства, не со политички аматеризам.

За тоа е потребен Обвинител кој ќе гони и само гони, пред се вакви кривични дела а не смешки од кривични дела за кој и не треба Републички Јавен обвинител.

Овој обвинител е институција која гони кривични дела кој ја штитат Републиката-државата.

Тој не е администратор-шеф за да раководи со јавните обвинители.

Невршењето на функцијата за која е поставен со Уставот, го урива Уставот, а не го штити.

Непостапувањето на Јавниот обвинител според ова, го прават учесник во разнебитувањето на супстанцата на државноста поставена со Уставот на државата.“

Се надевам дека ви остави впечаток ставот на адвокатот Димитар Дангов, кој во една прилика ми го кажал, а јас го запишав.

По тој повод, решив да продолжам со една, Мега -анализа врзана за и околу

Јавниот обвинител

Љупчо Коцески.

Ти си последната брана или првиот соучесник ?

Македонија денес не стои пред обичен политички предизвик.

Таа се дави во болест наречена неказнивост.

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски не е обичен функционер.

Тој е симболичка фигура на или правдата, или на последното затворање на ковчегот наречен македонска држава.

Ова , не е само судир на политички табори, ова е битка на правдата против злото, на вистината против лагата, на татковината против предавството.

Гробовите на нашите деца чекаат правда

Господине Коцевски, овој текст не е само политички манифест, ова е и крик на татко што го изгубил својот син Ѓорѓи.

Неговото име стои на гроб без правда, како и илјадници други чии животи ги уништи корупцијата, алчноста и тишината на институциите.

Кој одговори за злосторствата на транзицијата?

Кој возврати за продажбата на земјата, за фабриките продадени за едно евро, за кражбата на државата?

Никој!

Мицкоски го има народот, но нема институции, уште!

Христијан Мицкоски мора да испорача правда. Тој има мандат од народот.

Народот што излезе масовно да гласа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата "Македонија Твоја", го даде гласот со една надеж: дека криминалците, шверцерите, предавниците и мрежата на политичко-мафијашки банди конечно ќе одговараат.

Но, како?

Кога судиите и обвинителите се длабоко втемелени во времето на СДСМ и ДУИ, партиите што го изградија ова безаконие.

Коцевски е избран токму од таа двојка.

И токму затоа е исправен пред историскиот ѕид: или ќе го скрши тој синџир на политичко потчинетост и ќе ја ослободи Македонија од злосторниците, или ќе биде нивен последен чувар и соучесник.

Зидот на срамот или првата страница на историјата?

Господине Коцевски, ова е ваш избор.

Историјата чека, не за анализа, туку за акција.

Може да бидете првиот обвинител што ќе ги стави зад решетки предавниците, шверцерите и нарко-структурите што ја уништија Македонија... или ќе завршите со нив на депонијата на заборавот и презирот?

Јас верувам дека ќе го сторите првото.

Јас верувам дека ќе ја изберете честа, а не послушноста.

Има ли држава каде Заев, Ковачевски и Османи би биле на слобода?

Јавниот обвинител спие додека:

Зоран Заев гради кула од 88 ката во Дубаи за ова го критикуваше неговиот претходник Никола Груевски, а народот му копа по контејнери.

Бујар Османи ги потпишa француските предлози со туѓи диктати, а ни ја избриша нацијата.

Димитар Ковачевски стана најбогатиот "перач на функции", додека пензионерите преживуваат со 150 денари дневно.

Кога ќе ја отворите истрагата за корупцијата на ДУИ?

Експертите со став:

„Дваесет и две години Ахмети ја водеше најкорумпираната банда во овој дел од Европа. Со Ферхат Даути, Крешник Бектеши, Артан Груби, Садула Дураку и останатите, изградени се империи на сметка на македонските граѓани.

Парите од Тетово, Липково, Скопје и Струга завршуваат во банки во Приштина, Тирана и Дубаи.

И што прави обвинителството?“

Прашуваат експертите, и додаваат:

Глуми демократија и правда и правичност за Албанците во Македонија?

Говорот на Сиљановска: последниот крик за правда!

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова пред Уставниот суд и Собранието го кажа тоа што милиони го мислат: правдата е мртва, државата е киднапирана.

Таа , не зборуваше како политичарка, туку како македонска мајка.

Дали вие, обвинителу, ја слушнавте нејзината порака?

Или сте решиле да продолжите да бидете нем сведок на распадот?

Сиљановска-Давкова: Време е за нова пролет на нашата македонска република

„Мора да го искорениме плевелот на корупцијата и криминалот“, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на чествувањето на 2 Август – Илинден, на Мечкин Камен.

„Време е за нова пролет на нашата македонска република, за навраќање на републиканските корени."

Што значи тоа?

Македонските граѓани од својата република очекуваат барем две нешта: слобода и правда.

Кога зборувам за слобода, не мислам само на политичката, туку и на економската, академската, културната, социјалната…

Кога зборувам за правда, не мислам само на правосудството, туку и на социјалната, еколошката и генерациската правда.

Не смееме да изумиме дека предуслови за слободата и за правдата се владеењето на правото и еднаквоста пред законот.“

Има име и презиме секој молк !

Секое недејствување од Ваша страна има цена.

Таа цена е понижена нација, раселени деца, убиени надежи.

И тоа има име и презиме: Љупчо Коцевски.

Ако не отворите предмети за:

Криминалната приватизација од времето на Бранко Црвенковски.

Шверцот со пасоши во МВР во време на СДСМ, 2017–2024

Милјардите во УЈП што испарија во времето на Бесими и Битиќи…

...тогаш сте дел од истото зло што ја убива Македонија.

Време е за пресврт или за оставка?

Никој не бара чуда.

Народот бара само еден предмет, една постапка, еден сигнал дека оваа земја не е целосно заробена.

Ако не можете , отстапете.

Но, не продолжувајте да бидете рамнодушниот сведок на македонската агонија.

Ќе дојде ден, Љупчо Коцевски, кога ќе нема БЈРМ, ниту Северна, туку ќе има само Македонија.

И тогаш, ќе се читаат имињата: кој замолкна, кој ја продаде татковината, кој ја бранеше.

Апел до сите: Македонија се буди, дали и Обвинителството ќе стане?

Македонија денес не е слаба.

Таа само е завиена во молк.

Народот чека искра.

Таа искра треба да дојде од правдата.

И затоа, те прашуваме, обвинителу:

дали ќе ја поведе истрагата или ќе завршиш во неа?

Ова е повик, ова е крик, ова е историски запис.

Од него нема бегање.

Правдата е последната одбрана на нацијата , дали ќе стоиш таму?

Твоето име ќе биде запишано или како човекот што ја спаси надежта, или како оној што го погреба правото.

Изборот е твој!

Историјата гледа!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk