logo
logo
logo

„Арсовска молчи како го потпишала истиот договор поради кој го разреши Перински и ширеше лаги за ВМРО-ДПМНЕ“

Vecer | 14.04.2023

„Арсовска молчи како го потпишала истиот договор поради кој го разреши Перински и ширеше лаги за ВМРО-ДПМНЕ“

Данела Арсовска молчи и бега од одговори како го  потпишала договорот за пречистителната станица на Град Скопје, истиот тој поради кој што го разреши директорот Перински и за што ширеше лаги за ВМРО-ДПМНЕ. Се што кажа излажа. Се тресеше пред камери, драматизираше, смислуваше најдолни невистини, за сега сето тоа да падне како кула од карти. Да имаше грам совест досега ќе се извинеше барем, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие потенцираат дека проектот за пречистителната станица од страна на директорот на Водовод и Канализација, Перински,  беше воден според сите постапки и прописи утврдени од страна на Европската инвестициска банка, и истата уште пред речиси година ги демантираше клеветите на Арсовска.

- Лагите на Арсовска беа потопени и тогаш, потопени се и сега со потписот на договорот кој Арсовска го премолча. Арсовска лажеше сушеше за некаков наводен криминал во постапката. Сето тоа говори за неа како личност.  Штом лажно обвинува други за криминал, тогаш тоа потсвесно говори и за нејзиниот карактер. Да кажува такви безочни лаги без око да и трепне дека вистината ќе излезе на виделина, значи дека има сериозен проблем, нагласуваат тие.

Во соопштенеито се потенцира дека сега кога прашината слегна, се виде дека всушност рацете во медот ги имаат заглавено Арсовска, ДУИ, СДС и Левица. Порано или подоцна сркањето од медот ќе им преседне.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk