Денеска во Ѓорче Петров, Карпош, Центар и Кисела Вода, имавме чест да ги посетиме најмалите, нашите најмили, иднината на Македонија. Со новогодишни пакетчиња им подаривме радост и насмевки, кои се најискрената и највредната награда за нас, објави премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Детската насмевка, истакнува премиерот, не потсетува, зошто вреди да се работи со одговорност, грижа и љубов за држава во која секое дете расте со надеж, сигурност и верба во подобро утре.
Премиерот сподели фотографии и од новогодишна средба со дечиња во владата.
„Владата денес е во поинакво руво. Најмладите се меѓу вработените, со најголемата надеж. Млади лица, големи соништа. Владата денес чекори со нив, нивната радост е нашата сила. За децата денес, за иднината утре“ – напиша Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата