logo
logo
logo

Жените напредуваат само во време на ВМРО-ДПМНЕ

СРЕЌЕН 8-ми МАРТ: Во дрим-тимот на ДУИ нема место за жени

Vecer | 08.03.2023

СРЕЌЕН 8-ми МАРТ: Во дрим-тимот на ДУИ нема место за жени

СРЕЌЕН 8-ми МАРТ: Во дрим-тимот на ДУИ нема место за жени

Иако сите функционери во Северна Македонија се изјаснуваат дека се за родова еднаквост, според делата и 2022 година беше „машка“ во однос на жените на кои не им беше доделено заслуженото место, особено на високи раководни позиции.

Родова еднаквост со зборови, патријархалност на дело

За време на предизборната кампања, партиите во земјава жените ги користат за кампања и за гласови, но при формирање на владата тие се оставаат настрана и многу малку се поставуваат на раководни позиции.

Со 62 гласа „за“, Собранието на 18 Јануари ја изгласа новата Влада на Република С. Македонија на премиерот Димитар Ковачевски, со мандат до 2024 година. Но и покрај декларативните заложби за родова рамноправност, новата извршна власт ќе има 21 член, ама само 4 од нив се жени.

Демократската унија за интеграција (ДУИ), Алтернатива и Демократската партија на албанците (ДПА), не поставија ниту една жена на овие позиции.

Застапеноста на жените е уште поскандалозна на позицијата заменик министер. Од вкупно 16 заменици-министри, само 2 се жени, односно соодносот меѓу мажите и жените е 8 спрема 1. Овде е испочитуван „етничкиот аспект“ бидејќи едната е албанка, а другата македонка.

Само неколку недели подоцна, на една панел дискусија на тема „Улогата на албанската жена во политиката во РСМ“, на која се зборуваше токму за застапеноста на жените во политиката, политичарките од албанските политички партии побараа поголема застапеност во раководните места и меритократијата. Политичарките потенцираа дека жените не бараат промени за да ги згазат мажите, туку сите заедно да придонесуваат за еднакво и успешно општество, во кое секој го добива она што го заслужува.

Ова не е ништо ново, според Билјана Котевска, истражувачка во Институтот за европски политики ЕПИ.

„Ако ја следиме оваа прогресија, тоа значи дека нас ќе ни требаат уште некаде 45 до 52,5 години за ние да стигнеме до неков паритет во владата што е само по себе страшно. Така што се чини дека многу бавно напредуваме. Некој магичен број ни е во последнава декада четири, претходно ни беше два и се вртиме само околу таа бројка и никако да напреднеме, повеќе од 4 жени министерки“, вели Котевска.

Жените во новата влада се Славица Грковска, која е назначена за вицепремиерка за борба против корупцијата. Славјанка Петровска е нова министерка за одбрана, Јована Тренчевска за труд и социјална политика, додека Бисера Костадиновска застана на чело на Министерството за култура.

Гледано по партии, во новата Влада 11 членови има СДСМ, 6 членови ДУИ, 3 Алтернатива и 1 ЛДП.

Сепак, ако се гледа низ призмата на родовата застапеност тогаш сите четири жени доаѓаат од СДСМ.

Тоа ,според Котевска од ЕПИ, е позитивен знак, но недоволен за прогрес. Затоа и смета дека потребни се порадикални промени.

„Самиот премиер е премиер на целата влада, значи тој ги поставува и е одговорен за составот на целата влада и сите министри. Ако постоеше вистинска политичка волја или заложба за оваа влада да биде родово рамноправна, во тој случај можеше некоја од политичките партии која има поголема свесност, или коалиција, да ги жртвува овие неколку години, како што ги жртвува жените сите овие децении, и да ги предложи министерките да бидат во многу поголем број. Или пак сите жени. Во тој случај другите кандидати, сега за сега, и да не предлагаа жени за министерки, ќе стигневме до некаков напредок. Вака сме повторно во истата ситуација“, вели Котевска која е свесна дека пристапот е поекстремен, но смета дека е реален ако се има јасна политичка заложба дека ова е сериозно прашање.

Каде се жените од помалите етнички заедници

Сите четири жени во последната влада доаѓаат од македонскиот политички блок. Од осамостојувањето на земјата, па се до денес, само две жени од албанскиот политички блок застанале на челни позиции во Владата и тоа во време кога власта ја водеше ВМРО-ДПМНЕ.

Прирачник на ОБСЕ - Родовата еднаквост е важна

Така, во 1998 година, кога премиер е Љубчо Георгиевски, за министерка за наука е назначена Мерие Рушани од Демократската партија на Албанците ДПА. Повеќе од една деценија подоцна, во Владата од 2011 година на премиерот Никола Груевски, Теута Арифи станува вицепремиерка за европски прашања. Сепак, во 2013 година поднесува оставка од оваа позиција поради кандидатура за градоначалничка на Општина Тетово, па на нејзиното место доаѓа Фатмир Бесими.

Беса Кадриу, професорка на Универзитетот на Југоисточна Европа, вели дека се уште сме во стадиум кога учеството на жените во политиката е главно декларативно и базирано на бројки и квоти, наместо жената навистина да добие значајна улога во политиката.

„Во последните 20 години, не само нашиот менталитет, туку и другите околности, политичките околности, не помагаа доволно за таа (жената) да биде претставувана во институциите на системот и присутна во процесот на политичкиот систем. Така што, не е само економскиот фактор, не е само политичкиот фактор, туку влијаеле и огромни проблеми коишто за жал, придонесувале ние да имаме и ден денеска лошо искуство на недостаток на пристапот на жената во политиката“, забележува Кадриу.

„Што треба да направиме ние како жени? Секако дека треба да бидеме поактивни , да ги бараме нашите права, да покажеме дека и ние сме фактор кои би можеле да придонесуваме многу во нашето општество, и тоа подеднакво, без разлика дека сме жени. Дури и повеќе може да создаваме. Затоа што, нема никој друг како жените кои можат да создаваат стратегии, одлуки, политики од јавен интерес на социјален аспект, затоа што ние ги знаеме и корените на проблемите, почнувајќи од семејството, социјалниот аспект, но и проблематики од повисоко ниво или ранг“, додава Кадриу.

https://vecer.mk/makedonija/drzhavata-vo-koma-dui-kako-po-doma/

Како до повеќе жени во високата политика

Родовата рамноправност се споменува во повеќе сегменти и во новата програмата на Владата за периодот 2022-2024 година. Оттаму уверуваат дека посветено ќе работат на оваа тема.

Застапник за еднакви можности на жените и мажите

„Владата преку низа мерки и политики ќе дејствува за воспоставување на ефективен и ефикасен систем за унапредување на родовата еднаквост на централно и локално ниво, за подобрување на положбата на жените во сите области на јавниот и приватниот живот, како и за сузбивање на родовите стереотипи и градење култура на ненасилство и недискриминација врз основа на пол, род и родов идентитет“, стои во новата владина програма.

„Сиромаштијата има женско лице“

8 март 2022 година беше одбележан со протест под мотото „Сиромаштијата има женско лице“. Минатиот 8 март ја одбележа сиромаштијата на жените предизвикана од системот и продлабочена од пандемијата со Ковид-19. Активистите и граѓаните побараа од властите да опфатат родова перспектива за потребите на жените, да го зголемат учеството на жените во работните групи кои подготвуваат и спроведуваат мерки за одговор на состојбата со Ковид-19 и економската криза, буџетските и економските политики за луѓето, а не за бизнисите и партиите, функционални инспекциски служби кои спречуваат експлоатација и дискриминација на работниците, спречување на понатамошна приватизација на социјалните и здравствените услуги.

Меѓу другите барања беше и барањето за зголемување на учеството на жените на раководните позиции, преку воспоставување на квоти кои предвидуваат најмалку 40 отсто учество на жените во секое ниво на власт, итно усвојување на Стратегијата за родова еднаквост, донесувањето на Законот за родова еднаквост и други.

Што се однесува до образованието, низ целата историја на јавните универзитети, од вкупно 53 ректори на државните универзитети, жени биле само две, и тоа само на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) и „Свети Климент Охридски“ (УКЛО) и тоа повторно во време кога власта ја водеше партијата ВМРО-ДПМНЕ - Радмила Кипријанова во периодот 1995-98 на УКИМ и Виолета Пановска Бошкоска на Универзитетот Климент Охридски.

Фото: ФБ

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk