logo
logo
logo

МАКЕДОНСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ ПОДОБРО СЕ СПРАВИЈА СО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ОТКОЛКУ ШВАЈЦАРСКИТЕ ВО КРАН-МОНТАНА

Vecer | 13.03.2026

МАКЕДОНСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ ПОДОБРО СЕ СПРАВИЈА СО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ОТКОЛКУ ШВАЈЦАРСКИТЕ ВО КРАН-МОНТАНА

Неколкукратно подобро се справивме со пожарот во Кочани отколку швајцарските власти со пожарот во Кран-Монтана, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Прашан дали чувствува дека Владата добро се справила со трагедијата во Кочани пред една година, Мицкоски одговори:

– Апсолутно да. Апсолутно да, но кога правите споредба на лоши настани, делувате некрофилски. Јас не сакам да бидам и да делувам некрофилски, но ќе дадам целосен одговор на вашето прашање, затоа што ако се спореди тоа што ние како Влада го направивме, со она што се случи во Кран-Монтана во Швајцарија, можам да кажам дека неколкукратно подобро се справивме. Во сите параметри, во сите споредби. За жал, не постои начин да ги вратиме тие кои не се повеќе меѓу нас. Но, од аспект на системска реакција, кога ќе го споредиме тој настан, со оној настан што се случи во дискотеката во Кран-Монтана, Швајцарија, неколкукратно подобро, верувале или не, системот македонски, институциите македонски реагираа подобро, отколку системот во Швајцарија и институциите во Швајцарија. И тоа се бројки, посочи премиерот Мицкоски.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи пред една година на 16 март, за време на настап на групата „ДНК“. Повеќето членови на бендот загинаа во несреќата. Вкупната бројка на загинати е 63, а околу 200 беа повредени.

Во пожарот во барот „Ла Констеласион“ во Кран-Монтана во новогодишната ноќ загинаа 41 лице, а 115 беа повредени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk