logo
logo
logo

Се вратил од странство во Кичево, СЕГА НЕГОВИТЕ ДЕЦА УЧАТ ВО ИСТИТЕ КЛУПИ КАДЕ ШТО УЧЕЛ И ТОЈ

Vecer | 01.09.2025

Се вратил од странство во Кичево, СЕГА НЕГОВИТЕ ДЕЦА УЧАТ ВО ИСТИТЕ КЛУПИ КАДЕ ШТО УЧЕЛ И ТОЈ

Во Кичево се случи една необична, но многу убава случка. По 17 години поминати во Швајцарија, иселеникот Нешат Спахиу се врати со своето семејство и ги запиша своите деца во основното училиште

„Милто Гура“ во селото Црвица — родното место на неговите родители.

Тој вели дека одлуката ја донел со цел да ја зачува јазичната, културната и традиционалната припадност, со целосна поддршка од сопругата. Според него, оваа одлука била преземена за да се избегне ризикот од асимилација, и за децата да растат и да се образуваат во духот на албанската култура – на истите училишни клупи каде што учел и тој.

Останав таму околу 17 години. Моите примарни цели ги постигнав, и сега, гледајќи го ризикот што му се заканува на моите деца и на идните генерации – да го заборават јазикот, културата, традицијата или да го изгубат семејството – тој ризик беше преголем. Заедно со сопругата, која целосно се согласи со мојата одлука, решивме децата да ги донесеме тука, да го продолжат образованието овде, да пораснат и, ако даде Господ, да остарат во ова место“, вели Нешат Спахиу, вратен од дијаспората.

Директорот на училиштето „Милто Гура“, Кујтим Касами, ја оцени оваа одлука како храбра и значајна, и апелираше и други родители да го следат овој пример.

Ова нека биде позитивна порака и добар пример за сите оние родители кои ја имаат оваа идеја, но им е тешко да го направат овој храбар чекор, како што го направи Нешат Спахиу, но и Фатмир претходно, како и други родители. Зашто денес нашите училишта се многу малку, или воопшто не се разликуваат од европските“, вели директорот на ООУ „Милто Гура“, Кујтим Касами.

Касами додаде дека учениците се снабдени со учебници и дека сè започнало како што треба.

Од друга страна, Нешат упати апел за враќање на децата во родниот крај, изразувајќи надеж дека неговиот пример ќе го следат и други кои сакаат да се вратат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk