logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче повторно се демантирани, ИПАРД програмата е достапна за земјоделците

Vecer | 29.04.2026

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче повторно се демантирани, ИПАРД програмата е достапна за земјоделците

Лагите на СДС повторно паднаа во вода, средствата од ИПАРД програмата се целосно достапни за македонските земјоделци, без никакви блокади и без никакви неправилности, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во текстот е додава:

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реагираше брзо, одговорно и државнички. Наместо да шири паника, како што тоа го правеше СДС, по случајот со злоупотреба на претходниот директор на платежната агенција, институциите веднаш презедоа конкретни чекори и побараа вонредна контрола од Европската комисија со цел целосно расчистување на состојбата.

Согласно целосната и детална контрола од страна на Европската Комисија за користење на средствата од ИПАРД програмата, утврдено е дека нема неправилности во самите постапки, што значи дека системот функционира.

Резултатот е јасен и недвосмислен, нема никакви злоупотреби, нема неправилности и системот функционира. Ова е официјално потврдено од европските институции, што претставува силен демант на сите невистини пласирани од СДС.

Особено важно е да се нагласи дека средствата никогаш не биле блокирани од Брисел, спротивно на лагите што СДС свесно ги ширеше за да предизвика страв и недоверба кај земјоделците.

Додека СДС се занимава со дезинформации и дневнополитички манипулации, Владата работи транспарентно, одговорно и во интерес на граѓаните. Наместо шпекулации фокусот е ставен на мерливи резултати.

Ова е уште еден јасен доказ за деструктивниот пристап на СДС и нивната неспособност да понудат нешто повеќе од лаги. Граѓаните веќе ја препознаваат таа матрица и знаат кој работи, а кој манипулира.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со грижата за земјоделците како и модернизација и развој на земјоделието во државата“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk