logo
logo
logo

Поранешен помошник на министерот за внатрешни работи си доделувал бонуси

Vecer | 06.10.2025

Поранешен помошник на министерот за внатрешни работи си доделувал бонуси

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против Љ.Р. поради „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како помошник на министерот за внатрешни работи, раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки, пријавениот ја искористил својата службена положба или овластување, односно ги пречекорил границите на своето службено овластување.

Тој зел бонус плата за месеците јуни, јули, август, септември, ноември и декември 2023 година, за прекувремени работни часови. Помошникот се стекнал со пари на име работа подолга од полното работно време во износ од 80.134 денари и бонус плата за 2023 година во износ од 36.614 денари или вкупна противправна имотна корист во износ од 116.748 денари на штета на буџетот на МВР.

„Пријавениот, како помошник на министерот за внатрешни работи, раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки, ја искористил својата службена положба или овластување, односно ги пречекорил границите на своето службено овластување на начин што за месеците јуни, јули, август, септември, ноември и декември 2023 година, врз основа на списоци за евиденција на прекувремени работни часови и листа на работници од Одделот за дисциплински и судски постапки кои ги исполнуваат услови за исплата на бонус плата за 2023 година која лично ја одобрил, а на која фигурирал под реден број, во отсуство на писмени наредби за реализирани часови работа со кои бил задолжен да извршува работи и задачи повеќе од полното работно време, се стекнал со парични средства на име работа подолга од полното работно време во износ од 80.134 денари и бонус плата за 2023 година во износ од 36.614 денари или вкупна противправна имотна корист во износ од 116.748 денари на штета на буџетот на МВР“, соопшти МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk