Семејство во Русија заглавило во Истанбул, Турција, и не можело да го продолжи планираното патувањето за Македонија, верувајќи на погрешен совет од Чат Џи-ти-пи (ChatGPT) дека за влез во Македонија на руските граѓани не им требаат визи.
Семејството се потпирало на вештачката интелигенција и не ги проверило правилата за влез во земјата. Мажот, заедно со неговата сопруга и дете, купил билети од Истанбул до Скопје и резервирал хотели и изнајмување автомобил во Македонија.
Пред патувањето, наместо да консултира официјални дипломатски извори тој ја прашал алатката за вештачка интелигенција ChatGPT за барањата за виза и му било одоворено дека за руски државјани не е потребна виза за влез во Македонија. Всушност, на руските државјани им е потребна виза за влез во Македонија и обратно, за чие издавање се потребни 5 работни денови.
На аеродромот, едноставно им било одбиено да се качат во авионот. Русинот им го покажал на аеродромските службеници одговорот од ChatGPT, но тоа не му помогнало.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата