logo
logo
logo

ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ЏАБЕ РАБОТИ, јавното обвинителство не ги процесуира кривичните пријави

Vecer | 15.10.2025

ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ЏАБЕ РАБОТИ, јавното обвинителство не ги процесуира кривичните пријави

„Мора да има промени во Јавното обвинителство, непроцесуираните кривични пријави значат дека ние едноставно залудно сме работеле“.

Вака во вечерашното гостување на ТВ 21 порача Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, според кого во последните 14 месеци се процесуирани малку пријави и се подигнати малку обвиненија.

– Сепак би тргнал од една друга точка, ние водиме предистражна постапка, поднесуваме кривични пријави, врз основа на тие кривични пријави треба да биде донесена јавно-обвинителска одлука и тие да бидат процесуирани, односно процесуираните кривични пријави треба да дојдат до правосилна судска пресуда – вели Ивановски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk