logo
logo
logo

ОДЗЕМЕНИ ЛИЦЕНЦИТЕ НА 6 КОМПАНИИ ЗА МЕДИЦИНСКИ КАНАБИС: Алфафарм, вмешана во шверцот на марихуана во Србија, Грин лајф, ЦБД медплант, Лајф плант, Атафарм, Канабидоис

Vecer | 24.02.2026

ОДЗЕМЕНИ ЛИЦЕНЦИТЕ НА 6 КОМПАНИИ ЗА МЕДИЦИНСКИ КАНАБИС: Алфафарм, вмешана во шверцот на марихуана во Србија, Грин лајф, ЦБД медплант, Лајф плант, Атафарм, Канабидоис

На шест компании им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели. Кај нив се констатирани низа недоследности, соопшти денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во Владата.

Одземени им се лиценците, како што рече, на Алфафарм, која беше замешана во шверцот на марихуана во Србија, потоа Грин лајф, ЦБД медплант, Лајф плант, Атафарм, Канабидоис.

– Одлуките на Владата се засноваат на наодите од извршените контроли, несоодветно складирање на сувиот цвет, недоследни известувања до Комисијата, недоставена целосна документација за продажба и трансфер – посочи Алиу.

Покрај досега спроведените контроли во 13 правни субјекти, Алиу најави контроли во сите 43 правни субјекти кои одгледуваат канабис за медицински цели.

Поради пропусти и можност за злоупотреби констататирани во постоечката законска регулатира, Алиу најави ново законско решение кое ќе биде донесено кога ќе завршат контролите во сите 43 правни субјекти.

– Детектиравме пропусти во законот и ќе имаме ново законско решение кое нема да може да се злоупотреби. Тоа ќе го оставиме на стручните лица, но ќе имаме законско решение кое ќе биде во согласност со ЕУ директивите и она што недостига на терен – рече Алиу.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk