logo
logo
logo

КОСТАДИНОВ РАЗМИСЛУВА ЗА НЕЗАВИСНА КАНДИДАТУРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК

Vecer | 03.07.2025

КОСТАДИНОВ РАЗМИСЛУВА ЗА НЕЗАВИСНА КАНДИДАТУРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов на Фејсбук објави дека размислува на претстојните локални избори во октомври да се трка како независен кандидат, но дека конечната одлука ќе ја соопшти за неколку недели.

Костадинов, кој неодамна објави дека го замрзнува членството во СДСМ и дека нема да биде кандидат на партијата за изборите, сега пишува дека „не може да молчи пред енерегијата што ја чувствува од граѓаните“. Тој сепак бара трпение од јавноста во Струмица во врска со неговата одлука.

Костадинов, исто така, во средата, 2 јули, објави дека ќе започне ново интерпартиско делување.

„Почитувани пријатели, секојдневно добивам стотици пораки, повици, разговори – со едно исто прашање: „Дали ќе се кандидираш како независен кандидат за градоначалник?“ Мојот одговор е: Да, можно е, но оваа одлука не е конечна ова е мисла во зачеток.

Но, ова не е одлука за слава, туку одговорност пред сите вас. Затоа сега е време за многу трпение, мудрост и длабоко размислување.

Не сакам со ништо да им наштетам на моите другари – на луѓето со кои го делев и доброто и тешкото. Но не можам да молчам пред оваа енергија што ја чувствувам од граѓаните. Веќе разговарам со многумина – со народот на терен, со граѓански здруженија, со партии, со чесни социјалдемократи и квалитетни луѓе кои тешко дека ќе се најдат на новите советнички листи.

Да, сѐ е возможно. Но, потребно ми е време. Одлуката ќе ја соопштам јавно, за неколку недели – и таа ќе биде остра, конечна и целисходна. Зашто кога одговараш пред народот – мораш да бидеш подготвен не само да победиш, туку и да ја носиш победата со чест.

Дотогаш, продолжуваме со народот, со идејата, со Струмица. Благодарам за големата доверба и барам максимално трпение од ваша страна“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk