logo
logo
logo

Катица беше најмоќна – Ристовска тврди дека била санкционирана во СЈО

Vecer | 06.02.2026

Катица беше најмоќна – Ристовска тврди дека била санкционирана во СЈО

Поранешната специјална обвинителка Ленче Ристовска се пожали дека своевремено била казнувана од нејзината шефица Катица Јанева бидејќи ја сметала за „вмровка“. Обвинителката за „Телевизија 24“ истакна дека етикети добивала и од СДСМ , не само од ВМРО ДПМНЕ, но не одработувала за никого и не молчела во времето на власта предводена од СДСМ.

„Јас во времето на СДСМ имав етикета дека сум „вмровка“, бев етикетирана дека јас сум обвинителот во СЈО кој што е „вмровец“. Кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, сега јас наеднаш сум машата на Заев, јас сум таа „сдсмовка“ која што стои во први борбени редови. Притоа сите забораваат и некако станало непоимливо во нашата држава дека некој може да нема партиски афимилации, дека може да биде професионалевц и да си ја работи работата во насока на јавниот интерес. Јас не сум молчела никогаш, јас на Катица Јанева ѝ се спротиставив, затоа бев казнувана, ме тргна од јавност, ме снема од прес-конференции. Катица беше најмоќна жена во тој момент и ништо друго немаше да има таков видлив ефект како моето отсуство“, кажа Ристоска во дебатната емисија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk