logo
logo
logo

МУ ИЗВАДИЛЕ ПИШТОЛ КОГА ПРОБАЛ ДА ИЗБЕГА - малолетник за малку ќе бил КИДНАПИРАН со „БМВ Х5“

Vecer | 06.05.2025

МУ ИЗВАДИЛЕ ПИШТОЛ КОГА ПРОБАЛ ДА ИЗБЕГА - малолетник за малку ќе бил КИДНАПИРАН со „БМВ Х5“

Жена од тетовско Џепчиште пријавила дека двајца мажи го внеле нејзиниот малолетен син во  „БМВ х5“, го нападнале со метален предмет и откако момчето успеало да побегне од возилото му извадиле пиштол и му се заканувале, информираше Министерството за внатрешни работи.

Ноќта меѓу недела и понеделник, околу 23 часот и потоа по 1 часот по полноќ, полицијата од Тетово ги привела 56-годишниот Џ.Д. и 52-годишниот Л.Д., се вели во полицискиот билтен.

Според соопштението на СВР Тетово, момчето успеало да им побегне, но Џ.Д. потоа извадил пиштол и му се заканувал.

Истите лица, според полицијата, ги пријавил и 24-годишен Тетовец. Рекол дека го внеле во истото возило против негова волја, го претепале и барале да им покаже кои се лицата што, наводно, ѝ земале пари на ќерката на Џ.Д.

Приведените останале во станица. По целосно расчистување на случајот, ќе им биде поднесена кривична пријава.

Фото: Илустрација, архива

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk