logo
logo
logo

ДОГОВОР ЗА СТРАТЕШКА СОРАБОТКА И МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ за Програмата Stipendium Hungaricum - Шефот на унгарската дипломатија утре доаѓа во Македонија

Vecer | 12.06.2025

ДОГОВОР ЗА СТРАТЕШКА СОРАБОТКА И МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ за Програмата Stipendium Hungaricum - Шефот на унгарската дипломатија утре доаѓа во Македонија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој ќе престојува во работна посета на земјава.

„Во фокусот на разговорите ќе бидат можностите за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, кои изминатиот период остварија интензивна и плодна соработка, како и тридецениското пријателство и континуираниот пораст на трговската размена“, соопшти МНР.

Од таму додаваат дека во рамките на посетата, се очекува потпишување на: договор за стратешка соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Унгарија и Меморандум за разбирање меѓу Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија за соработка во рамките на Програмата Stipendium Hungaricum за периодот 2026–2028.

Во март годинава премиерот Мицкоски и министрите беа во Будимпешта, каде што учествуваа на унгарско-македонскиот владин самит.

И во септември минатата година во Охрид се одржа заедничка меѓувладина седница, на која беше потврдено стратешкото сојузништво помеѓу двете држави, а беше и реафирмирана унгарската поддршка на македонскиот пат кон интеграција во Унијата.

Македонија и Унгарија во октомври потпишаа и договор за кредитно задолжување, со што земјава зема заем од милијарда евра.

Интензивната соработка што двете земји ја развиваат во изминатиот период е потврда за стратешко партнерство и заедничката заложба за унапредување на дијалогот и натамошно динамизирање на секторската соработка.

Посебно се истакнати одличните економски врски, потврдени со фактот дека Унгарија е меѓу десетте најголеми трговски партнери и инвеститори во Македонија.

Унгарија континуирано и недвосмислено ја поддржува Македонија за европската интеграција, која беше особено видлива за време на унгарското претседателство со Советот на ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk