logo
logo
logo

Мицкоски: Комплетно се реконструира градскиот базен во Кавадарци, во вредност од 48 милиони денари

Vecer | 30.08.2025

Мицкоски: Комплетно се реконструира градскиот базен во Кавадарци, во вредност од 48 милиони денари

Навистина, прилично голема динамика на реализација на капиталните проекти овде во Општина Кавадарци, и ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот, на советниците, на пратениците, на колегите во Владата коишто даваат се од себе за да обезбедиме некој денар плус за да може да се инвестира во општините и да покажеме разлика, тоа што во минатото се крадеше, сега се гради.

Тоа е суштинската разлика помеѓу Владата на СДСМ и ДУИ којашто 7 години крадеше, буквално многу малку изгради, и оваа Влада којашто откако е избрана, го управува својот 15ти месец откако сме Влада на ВМРО и коалицијата којашто континуирано гради за овие 15 месеци, започнува нови проекти, ги завршува старите проекти.

Така што јас мислам дека во оваа насока треба да продолжиме и во иднина.

Општина Кавадарци во првите 2 повици доби околу 7 милиони евра. Нешто што претставува значаен драјвер и во локалната економија, но и го подобрува квалитетот на живот на самите жители на Кавадарци. Овој базен, градски којшто многу скоро од денес ќе биде пуштен во функција јас мислам ќе биде исклучително убаво место за кавадарчани да се дружат, да поминуваат дел од летните денови тука.

И мислам дека ако се оди според динамиката, веќе следната година ќе го имаме во целосна функција.

Така што еве, јас уште еднаш би сакал да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците, на пратениците, на колегите во Владата, на министерката за образование, на сите они коишто навистина вложуваат атом повеќе енергија за да граѓаните добијат поквалитетен живот, за да имаме можност да понудиме поквалитетен живот за граѓаните. “

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk