logo
logo
logo

20 годишник ВИКАЛ УЧЕНИЧКА ОД ОСНОВНО, според полицијата НЕМА КРИВИЧНО ДЕЛО

Vecer | 09.12.2023

20 годишник ВИКАЛ УЧЕНИЧКА ОД ОСНОВНО, според полицијата НЕМА КРИВИЧНО ДЕЛО

Полицијата соопшти дека го расчистила случајот во Карбинци, каде според сведоци 20 годишник сакал да внесе малолетничка од основно училиште во неговиот автомобил.

СВР Штип во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево, а координација со Основното јавно обвинителство Штип комплетно го расчистија и документираа случајот пријавен од директорката на основно училиште Карбинци за наводен обид за грабнување на ученичка, при што е утврдено дека нема елементи на кривично дело.

Имено, веднаш по добивањето на пријавата полициски службеници излегоа на терен, преземени се низа оперативно-тактички мерки и дејствија во координација со Јавен обвинител од штипското обвинителство, извршени се разговори со лица кои биле сведоци на случајот во присуство на родители, но и со претставници на училиштето, а по преземени активности беше пронајден и 20-годишникот со кој беше извршен службен разговор во врска со случајот. Притоа, од сите реализирани дејствија и прибавени докази не се утврдени основи за постоење на кривично правен настан.

Целокупниот доказен материјал од преземените мерки и активности со соодветно известување ќе биде доставен до надлежното Основно јавно обвинителство и Центарот за социјална работа Штип за нивно понатамошно постапување.

МВР тогаш се огласи веднаш по настанот. Тие соопштија дека тој само ја викал на кафе ученичката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk