logo
logo
logo

Османи презентираше пакет мерки за поддршка на жените

Vecer | 30.08.2025

Османи презентираше пакет мерки за поддршка на жените

Под мотото „Жените ја движат промената, денес во Чаир беше претставен сеопфатен пакет мерки за поддршка на жените, со кој се отвора нова ера на реална грижа и поддршка за хероините на секојдневието, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува интегрално.

Во своето обраќање, Османи истакна дека Фондацијата „Раката на Чаир“ ќе биде столбот на овој пакет, насочена кон финансиска и социјална помош за самохрани мајки, жени во ранливи категории и сите оние на кои општината предолго им свртила грб. „Ова е симбол на реална грижа, а не декларативна солидарност,“ порача Османи.

Клучни мерки од пакетот „Жените ја движат промената“:

Фондација „Раката на Чаир“, реална грижа и поддршка за самохрани мајки и жени во ранливи категории.

Центар за занаетчиска обука со сертификати, стекнување нови вештини и признати професионални квалификации.

Финансиска поддршка за микро-бизниси, почетна помош за жените претприемачки.

Соработка со чаршијата и училиштата за пренесување знаење и вредности на младите генерации.

Саеми на ракотворби и традиционални производи за промоција на женската креативност четири пати годишно.

Центар и Клуб за жените на Чаир што вклучува простор за менторство, обуки и заеднички иницијативи.

Курсеви, работилници и микро-грантови за јазици, правна и репродуктивна едукација, финансиска писменост и нови можности за вработување.

„Сакам да ја видам жената од Чаир како економски независна, општествено влијателна и политички гласна. Сакам општина која нема да се плаши од женската моќ. Промената започнува тука. И таа промена ќе ја водат жените,“ истакна Османи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk