logo
logo
logo

Службените возила наскоро добиваат СПЕЦИЈАЛНИ ТАБЛИЧКИ ВО БОЈА

Vecer | 13.06.2025

Службените возила наскоро добиваат СПЕЦИЈАЛНИ ТАБЛИЧКИ ВО БОЈА

Директорот на СОЗР Ивица Томовски во вчерашното гостување во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 изјави дека во рамките на Владата е формирана работна група којашто работела на изработка на правилник за специјални таблици, таблици во боја.

- Во рамките на Владата формиравме една работна група којашто работеше на изработка на правилник за специјални таблици, таблици во боја. Тој правилник го изработивме, го дадовме на контрола во Секретаријат на законодавство, го потпиша министерот за внатрешни работи и го изгласавме на владина седница тој е практично во сила. Она што требаше да се направи е Министерството за внатрешни работи да објави тендер за набавка на соодветните бои бидејќи ги немаат, вели Томовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk