По седум години денеска повторно е отворен комплексот Македонско село кој се наоѓа на Водно во близина на Нерези. Нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“ чија понуда беше избрана како најповолна на јавниот повик што го распиша Службата за општи и заеднички работи.

На отворањето, присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, кој даде изјава за медиумите.
-За мене претставува задоволство што уште еден заборавен, запуштен и би рекол полууништен објект се става во функција. Тоа е овој комплекс наречен Македонско село. Благодарност до инвеститорите, до концесионерите коишто се охрабрија да инвестираат и да понудат на скопјани и на сите оние кои ќе го посетуваат Скопје уште едно туристичко алтернативно и ултра квалитетно место каде може да се ужива во преубав поглед, преубави соби, апартмани и сигурен сум во префкусна храна, изјави прениерот Мицкоски.
Концесионерот е избран на законски и транспарентен начин, по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува Министерството за финансии.
-Туризмот бележи големи резултати, кај странските гости имаме раст повеќе од 20% споредено со истиот период од минатата година. Очекуваме тој тренд да продолжи и да се зголемува, работиме многу на тоа. Така и Министерството за култура и туризам тука е исклучително посветено и се надевам дека ова несто за туристите што ќе го посетуваат Скопје ќе биде убаво место за уживање и почивка, рече Мицкоски.

-Денеска присуствував на свечено отворање на угостителскиот објект, комплексот „Македонско село“ во Горно Нерези, објави на фејсбук профилот, премиерот Христијан Мицкоски.
За мене претставува задоволство што уште еден заборавен, запуштен и полу уништен објект се става во функција, тоа е овој комплекс, наречен „Македонско село“.
Благодарност до инвеститорите, до концесионерите, кои што се охрабрија да инвестираат и да понудат и на Скопје и на сите оние кои ќе го посетуваат Скопје уште едно туристичко, алтернативно и ултра квалитетно место, каде што може да се ужива во преубав поглед, во преубави соби, апартмани и сигурен сум во превкусна храна.
Ги повикувам сите оние кои што не го посетиле „Македонско село“, да дојдат во посета, да уживаат, во тоа што го нуди овој објект. Во периодот кој што следи, да се погрижиме сето она кое што за жал изминативе седум години беше заборавено, уништено, девастирано, полека, но сигурно го обновуваме и повторно му го враќаме сјајот и го ставаме во функција, едно по едно, во зависност од приоритетите и можностите.

Туризмот бележи вонредни резултати. Кај странските гости имаме посебно голем раст, повеќе од 20% споредено со истиот период од минатата година. Очекуваме тој тренд да продолжи и да се зголемува. Работиме многу на тоа, така што и Министерството за култура и туризам е исклучително многу посветено.
Комплексот Македонско село се состои од 12 автентични куќи, со простории каде се претставени македонските занаети, а делови се користеа како хотелски соби и имаше ресторански дел.
Со реотворањето на комплексот ќе бидат создадени услови за поттикнување на развојот на туризмот и зајакнување на локалната економија, отворање на нови работни места, а ќе биде унапреден и туристичкиот капацитет во Скопје што ќе влијае на зголемен број туристи не само во Скопје, воопшто и во земјава, информираа од СОЗР.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата