logo
logo
logo

„Не разбирам ЗОШТО ПАРИ ОД ПРОДАДЕНА НИВА БИ СЕ НАШЛЕ ВО ЅИД“

Vecer | 27.01.2026

„Не разбирам ЗОШТО ПАРИ ОД ПРОДАДЕНА НИВА БИ СЕ НАШЛЕ ВО ЅИД“

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во гостување на телевизијата „21“ го коментираше случајот со 350-те илјади евра кои полицијата и истражителите на ОЈО ГОКК ги пронајдоа заѕидани во кујната на родителите на судијата на скопска Апелација, Ѓоко Ристов.

Зборувајќи за случајот, Мицкоски рече дека „не сака да коментира како премиер, туку како човек“. Тој рече дека „не му е јасно зошто пари од продадена нива се нашле во ѕид“, односно дека има многу поконвенционални начини за чување пари.

„Јас не сакам да се претворам во судија, ниту да критикувам. Како човек, навистина ми беше сето тоа лошо за гледање, затоа што и да е вистина дека е продадена нива легално и сето тоа поминало низ сите легални процедури, не разбирам зошто парите би се нашле заѕидани во ѕид. Зошто имате потреба да ги чувате во ѕид? Ако се тие чисти, има многу конвенционални начини да ги чувате, нема повод ни причина тоа така да го правите. Мислам дека им е малку плитко алибито, но оставам судските органи да го кажат своето“, изјави Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk