logo
logo
logo

МАТИЧНИ ГИНЕКОЛОЗИ НАПЛАЌАЛЕ ЗА УСЛУГИ ПОКРИЕНИ ОД ФЗО

Vecer | 26.12.2025

МАТИЧНИ ГИНЕКОЛОЗИ НАПЛАЌАЛЕ ЗА УСЛУГИ ПОКРИЕНИ ОД ФЗО

Матични гинеколози наплаќале за ПАП-тест, ЕХО, колпоскопија, земање брис и други услуги што ги покрива Фондот за здравствено осигурување, додека некои не издавале ниту фискални сметки, откри директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски на прес-конференција со директорката на УЈП.

Ова се резултатите од заедничките контроли извршени во ноември од страна на Фондот и Управата за јавни приходи.

Контролата покажала дека речиси половина од проверените 49 установи работеле спротивно на правилата. Неуредни збирно се вкупно 23 ординации, дел поради наплаќање спротивно на законот, дел поради неуредна документација. Од нив неправилности само кон ФЗО имаат 3 установи, само кон УЈП имаат 11, а кон двете институции има кај 9 установи.

Во Скопје, од 16 контролирани установи, 9 се неуредни.

– Кај 35 отсто, односно 16 установи утврдивме неправилности во евидентирањето на готовинскиот промет и веднаш се изречени прекршочни санкции – кажа директорката на УЈП, Елена Петрова и најави уште засилени контроли.

ФЗО има договор со вкупно 149 приватни здравствени ординации за примарна заштита во гинекологија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk