logo
logo
logo

„Комунална хигиена“ во акција: Ноќно миење на сообраќајниците низ Скопје

Vecer | 30.03.2026

„Комунална хигиена“ во акција: Ноќно миење на сообраќајниците низ Скопје

Јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје викендов започна со сезонското машинско миење на булеварите и поголемите скопски улици, со употреба на автоцистерни. Машинското миење се реализира со цел одржување на највисокото ниво на хигиената и чистотата на јавните и сообраќајните површини во градот и значително придонесува за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух. Активностите ќе се одвиваат во доцните вечерни часови, кога е намалена фреквенцијата на возила и пешаци на улиците.

Во текот на изминатиов викенд, непознати сторители опожариле четири сада за одлагање отпад лоцирани на улицата Невена Георгиева-Дуња, во скопската општина Кисела Вода. Сите опожарени контејнери се целосно уништени и неупотребливи. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, ЈП Комунална хигиена во најкус можен рок опожарените садови ги замени со нови.

Во текот на 2025 година биле запалени вкупно 27 садови наменети за одлагање на комуналниот отпад, додека само од почетокот на годинава се опожарени 11 контејнери.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk