ВМРО-ДПМНЕ јасно и недвосмислено го осудува говорот на министерката за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова Чамова, во кој вели ,,северномакедонски”, се наведува во партиското соопштение.
Во текстот се додава:
„Во контекст на изјавата, министерката Петрова Чамова, го искористи поимот ,,северномакедонски” за означување на македонскиот народ, а тоа е неточно и несоодветно.
Во Македонија живеат Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Роми, Бошњаци, но Северномакедонци нема.
Повикуваме на разумност и внимателност во говорите на бугарските политичари, за да не можат истите да бидат искористени за политички цели.
Воедно, ги повикуваме и останатите политички партии да го осудат овој говор на министерката Петрова Чамова, со цел давање јасен став дека идентитетот не е предмет на разговори, преговори и договори“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата