logo
logo
logo

Стоилковиќ со честитка по повод Националниот ден на Власите:

Влашката култура, јазик и идентитет се составен и нераскинлив дел од богатото културно ткиво на нашата држава

Vecer | 23.05.2025

 Влашката култура, јазик и идентитет се составен и нераскинлив дел од богатото културно ткиво на нашата држава

Во име на Министерството за односи меѓу заедниците и во мое лично име, дозволете ми да ви упатам искрени честитки по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, ден кога ја оддаваме заслужената почит кон вашата богата култура, традиција и историски придонес.

Овој значаен датум претставува симбол на почитување на јазичната и културната разновидност, потсетник за важноста на зачувувањето на културното наследство, како и афирмација на вредностите на меѓусебна почит, разбирање и соживот. Истовремено, тоа е признание за сето она што влашката заедница го вложува во развојот на нашето повеќекултурно и демократско општество.

Влашката култура, јазик и идентитет се составен и нераскинлив дел од богатото културно ткиво на нашата држава и мозаикот на македонското културно наследство. Нека 23 Мај биде поттик за понатамошно негување и афирмирање на влашкиот идентитет и вредности – во духот на соживот, инклузивност и заемно почитување.

Негувањето и зачувувањето на културниот идентитет е заеднички интерес и обврска на сите нас кои се залагаме за општество во кое се вреднуваат различностите и се унапредуваат правата на сите заедници.

Ви посакувам овој празник да го прославите во здравје, радост и гордост, со чувство на припадност и поддршка, порача во својата честитка по повод Националниот ден на Власите, заменик-претседателот во Владата на РСМ и министер Иван Стоилковиќ. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk