logo
logo
logo

ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Vecer | 29.03.2026

ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

ПР политиките на Башановиќ го допреа дното во СДС. Филипче е политичар на кој му веруваат едвај 3,6% од граѓаните, додека СДС како политичка партија има доверба од 4,9%. Со овие лоши политики и односот кон граѓаните и медиумите – и овој рејтинг им е добар, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче и СДС говореа дека на рејтинзите има пад во довербата на граѓаните кон ВМРО-ДПМНЕ, а кај СДС се  зголемувала таа доверба.

Но, како и секогаш, уште една лага на СДС се распрсна како меур од сапуница, па сега на Бихаќка не знаат што да прават по лошите рејтинзи на партијата и на Филипче.

Едно од решенијата е да си го сменат ПР-от или раководството. Во спротивно ги чека длабока хибернација во опозиција, рече Манасиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk