Утрово улиците низ Скопје беа украсени со транспаренти кои потсетуваат на сто дена од кобниот настан во Кочани.
На социјалните мрежи, иницијативата „Кој е следен?“ сподели фотографии од овие транспаренти и пораки: „Молчевме, жалевме, марширавме и говоревме“. Овие изјави произлегуваат од анкетата што ја спроведоа меѓу граѓаните за време на изминатиот викенд.
Денес, заеднички до системот испративме вкупно 100 пораки од 100 различни луѓе, кои ја изразуваат нашата заедничка болка и решеност. Овие сто крика за подобар систем не се само празни зборови или минливи надежи, туку јасни критики кон системот кој нè разочарува. Повеќе нема да молчиме, ниту да наведнуваме глава. Време е да се избориме за систем кој ќе го брани животот, а не профитот. Кочани, длабоко жалиме што е потребна трагедија за да се отворат нашите очи. Но отсега повеќе нема молчење, ниту заборав. Правда мора да има.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата