Премиерот Христијан Мицкоски од денеска ја предводи 20-тата влада на Македонија, а тој е само 13 премиер на оваа функција.
Владата на Мицкоски беше изгласана синоќа во Собранието со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“.
Владината коалиција ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од коалицијата Вреди и ЗНАМ.
Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој ќе ја предводи новата Влада, е роден во Скопје на 29.09.1977 година.
Мицкоски е на чело на ВМРО-ДПМНЕ од декември 2017 година.
Дипломирал, магистрирал и докторирал на Машински факултет во Скопје
Во периодот 2016-2017 година бил генерален директор и претседател на УО на АД Електрани на Македонија, а од 2015 до 2017 бил советник на Претседателот на Владата на Република Македонија за енергетика.
Од 2019 година е редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје, а претходно бил вонреден професор, доцент, асистент и помлад асистент. Во 2021 и 2012 година работел во ФОНКО клима како главен и одговорен проектант на термотехнички инсталации.
Има објавено 35 меѓународни публикации и научни трудови, како и десетина домашни, автор е на триесеттина стручни апликации, а учествувал и во неклку меѓународни, развојни и научно-истражувачки проекти.
Добитник е шест меѓународни домашни признанија и награди.
Од компјутерски вештини познава AutoCAD, MATLAB/Simulink, Microsoft Visual C++.
Мајчин јазик му е македонскиот, а англискиот го познава одлично, а италијанскиот добро.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата