logo
logo
logo

(ВО ЖИВО) Свечена владина седница од 24 години од Охридскиот рамковен договор

Vecer | 13.08.2025

(ВО ЖИВО) Свечена владина седница од 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска одржува свечена седница на која се одбележуваат 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

На седницата, како што најави владината прес – служба, се обраќа претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Со Охридскиот рамковен договор беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година. Договорот беше потпишан на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје од страна на тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, како и тогашните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери. Потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk