logo
logo
logo

Касами и ВЛЕН му дадоа поддршка на независниот кандидат за градоначалник на Струга Менди Ќира за ВТОР КРУГ

Vecer | 29.10.2025

Касами и ВЛЕН му дадоа поддршка на независниот кандидат за градоначалник на Струга Менди Ќира за ВТОР КРУГ

Лидерот на движењето Беса, Билал Касами, кој се бори за втор градоначалнички мандат во Тетово, како кандидат на коалицијата ВЛЕН-БЕСА денеска од Струга му даде поддршка на независниот кандидат за градоначалник на оваа општина, Менди Ќира.

За средбата меѓу Касами и Ќира во Струга информираа од прес-службата на независниот кандидат. Оттаму велат дека на состанокот било потенцирано значењето на поддршката меѓу општините и соработката на проекти кои, како што се наведува, директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните.

Претседателот на Беса и еден од лидерите на ВЛЕН, која е дел од владината коалиција, во врска со поддршката изјави дека ја даваат на кандидат кој дошол како предлог на стружани и оценува дека Ќира како градоначалник на Струга ќе го направи она што во минатото не успеале претходните градоначалници.

„Поддршката ја даваме за кандидатот кој дојде како предлог од стружани и неможе да биде поинаку освен ние како ВЛЕН да го поддржиме, затоа што цениме дека на Струга и треба кандидат како Менди Ќира, кој претходно како бизнисмен придонесуваше за подобрување на животот на стружани. Цениме дека како градоначалник на Струга тој ќе го компензира тоа што во минатото не го направија претходните градоначалници“, изјави Касами.

Ќира, од своја страна изрази благодарност за поддршка од Касами, посочувајќи оти таа е доказ дека промената што започнала во Струга веќе ги надминала партиските граници.

„Поддршката дава до знаење дека ние ќе бидеме појаки после 2 ноември, кога ќе се гласа за бројот 133. Со тоа ќе дадеме до знаење дека овие четири години ќе правиме промени во општина Струга со помош на централната власт“, истакна Ќира.

За потсетување, противкандидат на Ќира во вториот круг ќе му биде Арсим Далипи од коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ), предводена од опозицската Демократската унија за интеграција.

Во првиот круг Ќира освои 9 934 гласа, додека неговиот противкандидат од НАИ, Далипи имаше 9 719 гласа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk