logo
logo
logo

Нова стратегија за конфискација на незаконски имот со фокус на борбата против корупцијата

Vecer | 18.06.2025

Нова стратегија за конфискација на незаконски имот со фокус на борбата против корупцијата

Владата донесе нова Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот за периодот 2025–2028 година, наменета за унапредување на капацитетите на институциите кои се занимаваат со финансиски истраги и одземање на имот добиен на незаконски начин. За ова информираше вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи.

Според него, оваа стратегија е доказ за сериозниот пристап на Владата во борбата со организираниот криминал и корупцијата, со јасни мерки за подобрување на ефикасноста во одземањето на нелегално стекнат имот преку јакнење на одговорните институции.

Како приоритет во натамошната борба против корупцијата и организираниот криминал, покрај стратегијата, е најавено и формирање на Акциски план и механизми за следење и надзор за реализација на целите.

За поуспешно спроведување на целата оваа политика, ќе се воспостави Национален совет за финансиски истраги и конфискација, кој ќе биде надлежен за следење и координирање на утврдените активности.

Дополнително, кабинетот на вицепремиерот се очекува да игра централна улога во координацијата и поддршката на предвидените активности, со цел да се обезбеди трајна посветеност и поуспешна имплементација на стратегијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk