logo
logo
logo

Честитка од премиерот Мицкоски: Илинден е вистината за Македонија која живее

Vecer | 02.08.2025

Честитка од премиерот Мицкоски: Илинден е вистината за Македонија која живее

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски упати честитка до граѓаните по повод 2 Август – Денот на Републиката, Илинден.

Илинден е темелот врз кој се изгради современата македонска државност. Илинден е вистината за Македонија која живее. Тоа не е само историја – тоа е жив идентитет, потсетник на стремежот за слобода, правда и сопствена држава. На овој ден се сеќаваме на храброста и жртвата на оние кои ја започнаа нашата борба за самостојност и достоинство, се наведува во честитката од премиерот Мицкоски.

Тој стремеж денес е остварен, но не и завршен, се додава.

Затоа, Илинден не е само повод за чествување, туку и за одговорност. Одговорност што ја имаме како народ и граѓани, но особено како институции, да го продолжиме патот започнат во Крушево и потврден во АСНОМ, со работа, чесност и грижа за иднината, се посочува во честитката од премиерот.

Како Влада, се додава понатаму, свесни сме дека довербата на граѓаните е обврска што се оправдува со резултати. Затоа сме посветени да ја направиме Македонија држава на можности – праведна, безбедна и просперитетна, со силни институции што ќе бидат на страната на граѓаните.

Оваа генерација политичари има должност да покаже дека може подобро. И ќе покаже! Илинден нè обединува околу идејата за држава што ги надминува поделбите. Да извлечеме сила од историјата и да ја претвориме во иднина. Да ја продолжиме борбата, но со знаење, визија и одговорност. Нека е вечен Илинден! Нека е жива и вечна Македонија!, порачува премиерот во честитката објавена на неговиот фејсбук профил

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk