logo
logo
logo

Зошто СВЕТИ ИЛИЈА се вика ГРОМОВНИК и зошто жените 3 дена пред и по празникот не треба да перат кошули

Vecer | 31.07.2024

Зошто СВЕТИ ИЛИЈА се вика ГРОМОВНИК и зошто жените 3 дена пред и по празникот не треба да перат кошули

Во петок, на 2 август, го славиме свети Илија, израелски пророк од 9 век пр.н.е., чие име се споменува во Куранот, Библијата и Талмудот.

Според легендата, кога се родил, неговиот татко Сабах околу себе видел ангели како го обвиткуваат во оган и го хранат со пламен, што довело до знакот на неговиот огнен карактер и огнена моќ, пишува „Википедија“. Со прифаќањето на христијанството, се пренеле многу од карактеристиките на стариот бог Перун на свети Илија, како што се контролирање молњи и громови.

Се верува дека свети Илија се би изгорел и убил ако знаел дека е негов ден, но неговата сестра Огнената Марија не му дозволува да го дознае тоа.

Според народното верување, тој вози огнена кочија влечена од четири коњи од чии ноздри избиваат пламени. Громот е всушност татнежот на неговата кочија со која вози низ небото, поради што често на иконите можете да го видите свети Илија во огнена кочија како оди кон небото.

Славата во чест на свети Илија се празнува на денот кога се менува времето: до пладне е лето, од пладне е есен, затоа од овој ден повеќе не се капе во река, пишува „Црковниот календар“. Оттука и поговорката: „Од свети Илија сонцето е помилно“.

Во трите дена пред и трите дена по свети Илија жените не перат кошулите за да не се искинат. На свети Илија не се влегува во лозјата, а се верува дека и орлите тие денови не пијат вода, туку пиштат во воздухот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk