Ноќниот поглед од прозорецот на авионот и она што можете или не можете да го видите долго време е прашање на шпекулации на патниците, а вештачки затемнетите светла во кабината може да ви го расипат погледот.
За љубителите на летањето нема ништо поубаво од тоа да седат покрај прозорецот, да ги гледаат облаците и небото. Меѓутоа, кога летате ноќе, нема да можете да ги видите ѕвездите. Најголемиот виновник зад оваа мистерија се вештачките светла во кабината кои можат да ви го расипат погледот на блескавото ноќно небо, вели теоретскиот астрофизичар и научен писател Итан Сигел.
Научникот вели дека оние кои летаат пропуштаат некои од „најдобрите слики и сцени од небото достапни за луѓето“ поради тие досадни светла на авиони. Имено, суровите светла на авионите можат да создадат отсјај на прозорецот, со што е речиси невозможно да се види ѕвездената ноќ. Тој го споредува феноменот со тоа како не можете да видите што се случува надвор од вашата куќа ако светат светлата затоа што внатре мора да биде потемно, пишува Дејли мејл.
Сепак, факторите како што е светлосното загадување од малите и големите градови, дури и илјадници метри подолу, може да влијаат на видливоста на ѕвездите. Месечината исто така делува како природна бариера бидејќи нејзиниот сјај може да ги засени ѕвездите и да ја намали нивната светлина. Ако патниците сакаат да ги зголемат своите шанси за гледање ѕвезди за време на летот, треба да изберат седиште на прозорецот подалеку од крилото спроти Месечината и да ги изгаснат светлата во кабината ако е можно.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата