Да се биде фин и љубезен е повеќе од пожелно, но, за жал, тоа е многу ретка појава. Иако правилата на бонтон им се познати на повеќето луѓе, тие ретко се почитуваат. Нема смисла да ги учите напамет, но со овој потсетник ќе ви биде многу полесно.
Никогаш не доаѓајте некаде ненајавено. Една британска дама се обидела да најде „решение“ за овој проблем. Кога ќе и се појавеле на врата гости без најава, таа секогаш брзо ги облекувала чевлите и го грабнувала шеширот. Ако ѝ се допаднела личноста, таа ќе речела: „Само што дојдов дома!“ Ако не, тогаш воздивнувала и велела: „Ах, каква штета, штотуку излегувам од дома.“
Ако кажете: „Ве канам“, тоа значи дека вие плаќате. Ако кажете: „Ајде да одиме во ресторан“, тогаш во тој случај секој си плаќа за себе.
Во јавност никогаш не го ставајте телефонот на маса. Кога го правите тоа, покажувате колку е важен овој уред во вашиот живот или уште полошо, дека ви е здодевно и едвај чекате да ѕирнете на Фејсбук.
Ако одите по улица со некого и таа личност поздравува личност што не ја познавате, треба да ја поздравите и вие.
Повеќето луѓе веруваат дека правилниот начин да се јаде суши е со стапчиња за јадење. Сепак, мажите, за разлика од жените, можат да го јадат со раце.
Вашите чевли секогаш треба да бидат чисти.
Ако некој ве навреди, не возвраќајте со иста мера и не го кревајте гласот. Никогаш не се спуштајте на нивното ниво. Насмевнете се и држете се настрана од грубите луѓе.
Мажот треба да оди од левата страна на жената.
Овие 9 работи би требало да се чуваат во тајност: години, богатство, семејни кавги, религија, здравствени проблеми, љубовни врски, подароци, чест и срам.
Златното правило при користење на парфем е умереноста. Ако и вие го чувствувате до доцна навечер, тогаш сте претерале.
Кога ќе влезете во просторија полна со луѓе, вие сте првиот што ќе се поздрави.
Ако ви е простено откако ќе се извините, немојте повторно да ја спомнувате незгодната тема.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата