logo
logo
logo

Златната тоалет-школка на Кателан продадена за 12 милиони долари

Vecer | 19.11.2025

Златната тоалет-школка на Кателан продадена за 12 милиони долари

Наддавањето за ова уметничко дело во САД предизвика доста возбуда пред продажбата, што беше со нетрпение очекувана. Тоалетот е направен од околу 101 килограм 18-каратно злато и е целосно функционален. Почетната цена е заснована на цената на златото на денот на наддавањето. Вчера, имено, 101 килограм 18-каратно злато вредеа околу 10 милиони долари. Кателан (65) произведе две такви школки во 2016 година - и двете насловени како „Америка“. Од нив, едната беше изложена во музејот „Гугенхајм“ во Њујорк, пред да биде украдена во 2019. од Бленхајм палатата - родното место на Винстон Черчил во Англија, каде што беше позајмена.

Во 2017., другата школка му беше продадена на приватен колекционер, кој ја стави на аукција. Според американските медиуми, колекционерот е милијардерот Стив Коен - сопственик на бејзбол-тимот „Њујорк метс“.

Според аукциската куќа, познат американски бренд ја имал највисоката понуда.

Кателан изгради углед со своето необично концептуално уметничко дело - банана залепена на ѕид со селотејп, насловено „Комичар“. Тоа беше продадено за 6,2 милиони долари, исто - во Њујорк.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk