logo
logo
logo

Жена претепала крокодил и избегнала страшна смрт: Ме грабна за рака, јас му вратив (ВИДЕО)

Vecer | 30.01.2025

Жена претепала крокодил и избегнала страшна смрт: Ме грабна за рака, јас му вратив (ВИДЕО)

Во понеделникот ѝ била поставена заседа, а откако страшниот предатор ја фатил за раката со вилиците, таа решила да возврати, пренесува Дејли Мејл.

Несреќната жена во чамец барала полжави кога од матната вода излетал крокодил, ја фатил за рака и ја повлекол.

Почнала да вреска, а притоа со слободната рака го удрила ѕверот по глава! Таа не престанала да се бори, а во еден момент почувствувала олабавување на стисокот.

Потоа се појавил друг чамец со луѓе кои го слушнале нејзиниот крик и крокодилот решил да побегне во длабочините. Тој ја ослободил жртвата, која мештаните ја пренеле на безбедно.

На интернет кружи снимка од маж како ја носи во раце, по што ја ставаат во приколката на мотоцикл и ја носат во болница.

„Додека вадев речна плевел, барајќи полжави, одеднаш се појави крокодил и ме касна за рака. Веднаш му возвратив, а во исто време се молев. За среќа, луѓето од другиот чамец ме слушнаа и веднаш дојдоа“, рече жената од болничкиот кревет.

Завршила со 15 конци на раката, но избегнала страшна смрт. Селаните од нејзиното село, Пахрул Раџи, сега го ловат крокодилот бидејќи очигледно претставува голема закана.

„Нашата заедница ја користи реката за различни активности. Загрижени сме бидејќи таму пливаат и деца. Затоа сакаме да го фатиме крокодилот што е можно поскоро“, велат тие.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk