Еден човек од Париз освои оригинална слика од шпанскиот уметник Пабло Пикасо вредна повеќе од еден милион евра на добротворна лотарија чиј билет чинеше 100 евра.
Добитникот, 58-годишниот инженер и љубител на уметноста Ари Ходара, дознал дека е победник кога се јавил на видео повик од аукциската куќа „Кристи“ во Париз, објави Би-Би-Си.
Организаторите објавија дека се продадени повеќе од 120.000 билети, со што се собрале околу 11 милиони евра за истражување на Алцхајмеровата болест.
Наградата за оваа година беше портретот од 1941 година „Tête de Femme“, на кој е прикажана неговата партнерка и муза, француската надреалистичка уметница Дора Мар.

Ходара рече дека го купил билетот, број 94.715, за време на викендот откако случајно дознал за томболата.
Лотаријата „Еден Пикасо за 100 евра“, започната во 2013 година, ја организираше францускиот новинар Пери Кошен со поддршка на семејството и фондацијата на Пикасо.
Од собраните средства, еден милион евра ќе бидат донирани на галеријата Опера, сопственик на сликата, додека преостанатите пари ќе бидат насочени кон Француската фондација за истражување на Алцхајмеровата болест.
Претходните изданија на лотаријата имаа и хуманитарен карактер: во 2013 година беа собрани средства за зачувување на либанскиот град Тир, а во 2020 година за проекти за санитација во училиштата и селата во Камерун, Мадагаскар и Мароко.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата