logo
logo
logo

Во овие три хороскопски знака се раѓаат најлошите свекрви

Vecer | 19.05.2025

Во овие три хороскопски знака се раѓаат најлошите свекрви

Се вели дека не влегувате во врска само со партнерот, туку со цело негово семејство. И меѓу тие „нови членови“ посебно место зазема свекрвата. Некои се прекрасни, даваат поддршка и се ненаметливи... но има и такви кои се обидуваат да го имаат главниот збор во сè - од воспитувањето на внуците до изборот на завеси во домот. Ако верувате во моќта на ѕвездите, астрологијата нуди интересен увид за тоа кои знаци на Зодијакот најчесто носат токму такви, незаборавни (или поточно кажано - неподносливи) свекрви.

1. Девица - свекрва перфекционист

Свекрвата под знакот на Девица знае сè. Поточно - мисли дека знае сè. Од тоа како треба да го држите вашето бебе, до тоа што вашиот партнер (нејзиното дете) сака да јаде, до тоа како „правилно“ да ги пеглате кошулите. Перфекционистот до срж, никогаш не пропушта можност да ја забележи дури и најмалата грешка и суптилно (или несуптилно) да ве потсети на неа. Нејзините критики доаѓаат спакувани во наводна грижа, но вие честопати се чувствувате како да полагате испит што никако не можете да го положите.

2. Шкорпија – свекрва која не заборава и не простува

Ако сте ја повредиле свекрвата Шкорпија - дури и несвесно - можете да бидете сигурни дека тоа ќе го памети тоа засекогаш. Таа е таа што не заборава родендени, па ниту грешки. Знае да биде напорна како „контрол-фрик“ и има изразено чувство за територијалност - а вие во нејзините очи, сте влегле во „нејзина територија“. Ако процени дека не сте доволно добра за нејзиното дете, подгответе се за тивка саботажа, пасивни коментари и поглед што зборува повеќе од илјадници зборови. Нема површен однос со неа - или ве сака како свое дете, или попрво би ве заменила.

3. Лав - ѕвезда на семејната драма

Лавицата во улога на свекрва е дама со стил, авторитет и мислење, кое секако е најважно. Таа очекува почит, внимание, редовни повици и комплименти за нејзиниот ручек, стил и животна мудрост. Ако не го добива тоа, се чувствува загрозена и знае да стане театрална. Таа сака да ги држи работите под контрола, но сè прави со шарм и самодоверба, па дури и кога отворено ве критикува, се прашувате - дали ве навредила или ви дала „добронамерен совет“?

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk