logo
logo
logo

Во Камбоџа повеќе од 500.000 раселени поради конфликтот со Тајланд

Vecer | 21.12.2025

Во Камбоџа повеќе од 500.000 раселени поради конфликтот со Тајланд

- Повеќе од половина милион Камбоџанци, вклучувајќи жени и деца, се соочуваат со сериозни тешкотии поради присилното напуштање на своите домови и училишта за да го избегнат артилерискиот оган, ракетните напади и воздушните напади извршени од тајландските борбени авиони F-16, се наведува во соопштението, во кое вкупниот број на евакуирани се проценува на 518.611, пренесува „Фигаро“.

Во Тајланд, според податоците од Бангкок, поради обновувањето на граничните судири раселени се околу 400.000 луѓе.

Од повторното избувнување на борбите на 12 декември, во судирите загинаа најмалку 41 лице – 22 на тајландската и 19 на камбоџанската страна, според официјалните податоци од двете земји.

Двете кралства од Југоисточна Азија веќе долго време се спорат околу делови од територијата долж заедничката граница, која е повлечена уште во времето на колонијалниот период.

Во јули, во претходниот бран насилство, во рок од пет дена загинаа 43 лица. Кон крајот на октомври, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека конфликтот е решен откако претседаваше со потпишувањето на договорот за прекин на огнот, но Тајланд набрзо потоа го суспендираше тој договор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk